Претседателот на Тунис, Бежи Каид Есебси, денеска прогласи вонредна состојба во земјата по крвавиот напад од 26 јуни во приморскиот град Сус, во кој исламист уби 38 туристи, пренесе БТА.
Според соопштение од кабинетот на претседателот, Есебси вечерва ќе и се обрати на нацијата.
Сунитските екстремисти од Исламската држава извршија два напади во Тунис за три месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.