| четврток, 6 декември 2018 |

Aлбанската полиција нуди 30.000 евра за информации за убијците

Aлбанската полиција нуди 30.000 евра за секој што ќе понуди точни информации за сторителите на вчерашното грозоморно убиство на патот кон Скадар.

Во друмско разбојништво што синоќа се случило кај градот Дукаѓин, на северот на Албанија, убиени и ограбени се двајца чешки туристи.

Чесити Мишел Сватос (27) и Ана Косинова(36), кампувале во селото Прекал кај Дукаѓини, каде што имало и други чешки туристи-кампери.

Тие синоќа околу 20.30 часот веднаш, по излезот од селото на патот кој води кон Скадар биле пречекани со пукотници од автоматски пушки калашњиков и биле усмртени на самото место. Откако ги ограбиле разбојниците возилото заедно со нивните тела го турнале во бездна, со цел да наликува на сообраќајна несреќа.

Полицијата ветува целосна анонимност за оние што ја понудат информацијата.

Од отпечатоците кои се пронајдени на прозорците од возилото, засега трага по четворица жители од селото на возраст од 18 до 35 години. Едниот од нив се претпоставува дека бил во возилото изигрувајќи водич.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top