Во несреќата загинале и неговите две ќерки, двомесечната Елијана и двегодишната Сафије, а неговата сопруга Ани (26) се бори за живот во скопскиот Ургентен центар.
Во автомобилот „волво”, во кој било семејството од Зајас, со голема брзина удрило комбе „форд конект” што го управувал В.А.(31) од скопското село Горно Свиларе. Во сообраќајката загинал и сопатникот од комбето Амзи А. 46) од селото Свиларе.
-Дента беа на гости кај родителите на снаата кои живеат во селото Колари. На враќање кон дома, на самиот излез kај последната куќа на селото возачот со комбито претекнувал на полна линија и директно удрил во автомобилот на моето семејство – вели братот на Асани.
Од страотниот удар на самото место починале двете сестрички.
Роднините на загинатите од семејството велат дека „фордот” се движел со огромна брзина.
-Возел со брзина поголема од 100 километри на час, а на тоа место е кривина и полна линија. Но возачот изгледа се брзал да биде прв и иако е полна линија и непрегледна кривина претекнал камион и директно удрил во “волвото” – вели роднина на загинатиот.
Целиот текст прочитајте го на www.dnevnik.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.