По неколкугодишна потрага, во северната провинција Хејлонгјанг во Даилинг откриен е таен премин, користен за извезување на информации од комунистичка Кина за Советскиот Сојуз, соопштува агенцијата Ксинхуа.
Тој се наоѓа на 55 километри од рускиот град Усуријск во Приморскиот крај и на 153 километри од Владивосток. Подземниот објект е изграден во ноември 1933 година и бил користен од кинески агенти за разузнавање, кои разменувале информации со СССР, за стратегија во војната со Јапонија.
Во тоа време Токио ја окупираа Манџурија (денес на територијата на Кина и Русија), а подоцна и Северна Кина. Објектот бил активно користен и во Втората светска војна (1939-1945). Информацијата за постоењето на тајниот премин се појавила пред неколку години, кога вработен во тврдината музеј во Донгнен, Ван Цундзен ја посетил Северна Кореја. Негов колега од Пјонгјанг му раскажал дека учествувал во неговата изградба. Неодамнешните студии го потврдиле постоењето на објектот, по што Кинезите почнале да го бараат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст