| четврток, 6 декември 2018 |

Судењето за „Пуч“ закажано на 5 август

zaevpucc
Судењето за случајот „Пуч“ е закажано на 5 август, судијка е Љубинка Башеска. Четвртообвинет во овој случај е Зоран Заев, претседателот на СДСМ, којшто вчера изјави дека нема да почитува ниту еден повик за пристуност на судските рочишта.

Судот сѐ уште нема донесено одлука за прифаќање на обвинението за случајот „Поткуп“ во кој Заев е осомничен за наводно барање мито од струмички бизнисмен.

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијката Башеска е избрана по електронски пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top