| четврток, 6 декември 2018 |

Одложена денешната лидерска средба

Liderska sredba ambasadori ok (8) (Custom)

Нема да се одржи лидерската средба закажана за денеска, дознава „Република“.  Лидерската четворка нема да седне на заедничка маса во Клубот на пратеници и покрај најавите дека ќе има нова средба. Претседателите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА го откажаа денешното состанување. Според информациите, причина е потребата на инволвираните за дополнитело време за консултации. Извори брифираат дека дополнително ќе биде договорен нов термин за состанување на Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и на Али Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top