| четврток, 6 декември 2018 |

И денеска лидерите на заедничка маса

liderska.jpg-500
Четворицата лидери на најголемиете политички партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети, денеска ќе имаат нов обид да најдат излез од политичката криза. Лидерската средба ќе се одржи во Клубот на пратениците со почеток во 13 часот.

На зелената маса ќе седнат Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, како и набљудувачите на процесот, европретставникот во земјава Аиво Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Преговарачките тимови на партиите во текот на денот ќе одржат поединечни средби со меѓународни претставници, како што тоа се случуваше и во изминатите денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top