Според информациите до кои дојде римскиот весник „Република“, францускиот шампион ПСЖ ја одредил цената на првата ѕвезда во тимот Златан Ибрахимовиќ.
„Светците“ бараат обесштетување од 10 милиони евра, сума која е примамлива за италијанскиот гигант Милан. Ибрахимовиќ се поврзуваше со враќање во поранешниот европски шампион уште пред да започне летниот преоден рок, но богатите шеици не сакаа така лесно да се ослободат од најдобриот играч во последните три години.
Откупната цена е помал проблем за Милан отколку двегодишната плата која треба да ја земе Ибрахимовиќ за нов престој во градот на модата.
Сепак, Милан веќе се засили со две звучни имиња во нападот. Покрај Карлос Бака, Милан ги договори и услугите на Луиз Адриано од Шахтар.
Многумина веруваат дека Милан повеќе треба да размислува на засилување на одбраната. Михајловиќ ги посакува своите сонародници Настастиќ и Максимовиќ, но газдата Силвио Берлускони посакува неговиот клуб да игра офанзивен фудбал и не е чудо ако го ангажира и Ибрахимовиќ во нападот и да игра со три шпица.
Со составот на „росонерите“ се уште и Жереми Менез и Хонда, кои одиграа одлична сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент