| четврток, 6 декември 2018 |

САД бараат екстрадиција на челниците на ФИФА

fifa

Швајцарските власти соопштија дека американската амбасада во Берн во средата поднела официјално барање за екстрадиција на седум челници на ФИФА кои во мај беа уапсени во Цирих под обвиненија за корупција, јавува Ројтерс.

Седмината челници на ФИФА беа уапсени два дена пред Конгресот на ФИФА на кој што подоцна повторно е избран претседателот Сеп Блатер, но тој четири дена подоцна поднесе оставка.

Блатер не е опфатен во истрагата која ја покренаа американските правосудни органи, а и самиот тој, пред германските медиуми, ја негираше својата вмешаност во корупцијата.

Сите уапсени челници од Јужна и Северна Америка, најавија дека ќе се борат против екстрадицијата.

Меѓу уапсените се и потпретседателите на ФИФА, Џефри Веб од Кајманските острови, како и Уругваецот Еухенио Фигередо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top