| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: На крај кризата мора да се реши со договор

Нов обид за излез од политичката криза ќе направат Груевски и Заев утре на лидерска средба во Клубот на пратеници.  Лидерската четворка со посредство на амбасадорите на САД и ЕУ утре ќе ги продолжи понеделничките разговори и ќе ги утврдува деталите за спроведување на договорот од 2ри јуни, објави „Сител“.

По едночасовната средба во понеделникот партиите излегоа со заеднички усогласено соопштение во кое соопштија дека било договорено продолжување на разговорите за точката организација на влада која ќе ги подготви изборите.

Во меѓувреме и шефот на државата Иванов ги повика партиските лидери да ги надминат разликите и преку дијалог да дојдат до решение.

-Иако во Република Македонија нема физички ѕидови, за жал, има ментални ѕидови и ровови во кои секојдневно се води политичката битка. Македонските граѓани со вознемиреност гледаат како со секоја наредна политичка криза менталните ѕидови се надградуваат, а политичките ровови се продлабочуваат. А од високите ѕидови и од длабоките ровови сè потешко е да се види човечкото лице на политичкиот противник. Како што европското лидерство треба храбро да го отвори просторот и да ја интегрира цела Европа во Европската унија, така и македонските лидери мора да ги срушат менталните ѕидови и да ги затрупаат менталните ровови. Во вакви сложени услови, лидерите на политичките партии во Република Македонија мора што поскоро, преку дијалог, да дојдат до решение со кое ќе се надмине оваа политичка криза, порача Иванов.

Иванов дел опд одговорноста за политичксата криза која е трета во 10 години лоцираше и кај европската унија и секоја земја членка поради стагнацијата во процесот на интеграција блокиран од грчка страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top