| четврток, 6 декември 2018 |

За чија слобода се бори Заев?

unnamed
ИСТЕЧЕ ЛИ ВРЕМЕТО ЗА ГРЦИЈА?

Ни­кој не мо­же да оце­ни до крај со си­гур­ност ка­ко ќе се раз­ви­ва­ат со­стој­би­те во Гр­ци­ја и еко­ном­ска­та кри­за – неј­зи­ни­те ре­ла­ции со ЕУ,  еко­ном­ски­те од­но­си, нив­ни­те вна­треш­ни по­ли­тич­ко-фи­нан­си­ски ре­ла­ции. Тоа, пак, што е ве­ро­јат­но е де­ка ЕУ и НА­ТО ќе на­пра­ват сè за да  не се на­ру­ши гло­бал­на­та ге­о­по­ли­тич­ка сли­ка. Со тоа, ча­сов­ни­кот на Ци­прас за­бр­за­но от­чу­ку­ва

Бриселски антипринципи
Сла­бо­ста на ЕУ го де­ста­би­ли­зи­ра Бал­ка­нот

Не­среќ­ни­ци­те што ни до­а­ѓа­ат од Ази­ја и од Афри­ка и на­та­му ќе тре­ба са­ми да се бо­рат со пре­диз­ви­ци­те на па­тот до по­до­бар жи­вот. За тоа нај­мал­ку е ви­нов­на Ма­ке­до­ни­ја, кол­ку и да са­ка не­кој тоа да ѝ го на­мет­не ка­ко грев. Оние нај­од­го­вор­ни­те, член­ки­те на Европ­ска­та уни­ја, од­лу­чи­ле де­ка до сеп­тем­ври не мо­жат да по­стиг­нат сог­лас­ност за при­ем на бе­гал­ци. За­пад­ни­те ана­ли­ти­ча­ри оце­ну­ва­ат де­ка при до­не­су­ва­ње­то на оваа бед­на и срам­на од­лу­ка, ше­фо­ви­те на вла­ди­те на зем­ји­те-член­ки се во­де­ле од стра­вот да не си го на­ру­шат реј­тин­гот во ма­тич­ни­те зем­ји

Себичност место идеали
За чија слобода се бори Заев?

Игра­та на опо­зи­ци­ја­та, ко­ја ка­ко и ла­ни, се кр­сти во не­га­ти­вен из­ве­штај на Бри­сел за сопс­тве­на­та зем­ја, не­при­ме­рен чин што ќе ѝ да­де ве­тер во едра­та и ква­зи­ар­гу­мен­ти за на­пад врз вла­ста, про­дол­жу­ва со т.н. пре­го­во­ри, во кои по­ста­ву­ва­ат не­ре­ал­ни ба­ра­ња и из­мис­лу­ва­ат но­ви се­ко­ја ми­ну­та. Цел­та е јас­на. По шла­ка­ни­ци­те од Хан и од Јун­кер, на­стра­на е од еден куп пра­те­ни­ци на ЕП, СДСМ се­га игра на кар­та­та на­ре­че­на вре­ме, ко­ја тре­ба да про­ду­ци­ра но­ва кри­за, ка­ква и да е. Ми­на­та­та по­ми­на, дој­доа и од­мо­ри­те. Сил­но им пре­чи Гру­ев­ски, а по­ра­зот би ги ис­пра­тил во исто­ри­ја­та, но и на дру­ги ме­ста. Ли­де­рот се­га има цр­ве­ни ли­нии што се ви­ка­ат сло­бо­да, а ги над­вис­на­ле суд­ски про­це­си. Мно­жи­на

Косово – бермудски триаголник

Црна дупка на Балканот

Гер­ман­ска­та пра­те­нич­ка со тур­ско ет­нич­ко по­тек­ло пред сво­и­те ко­ле­ги во Бун­де­ста­гот го по­ста­ви ед­но од нај­же­шки­те пра­ша­ња од кои за­ви­си ид­ни­на­та на Бал­ка­нот, но и по­ши­ро­ка­та европ­ска ста­бил­ност. Се ла­жат си­те што сме­та­ат де­ка ло­кал­на експ­ло­зи­ја во ко­ја би­ло бал­кан­ска зем­ја не мо­же да би­де огра­ни­че­на во ра­ди­ус од не­кол­ку сто­ти­ци ки­ло­ме­три. За­тоа со вре­ме и бал­кан­ски­те зем­ји, но, пред сѐ, САД и ЕУ, мо­ра да по­ка­жат по­ли­тич­ка вол­ја за да го сре­дат ха­о­сот што јас­но го пре­зен­ти­ра­ше пра­те­нич­ка­та Се­вим Дег­де­лем

Со крстот на чело и со ум в глава
МПЦ-ОА не преговара само за црквата

Иа­ко во Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред за­ко­ни­те (за раз­ли­ка од Гр­ци­ја, на при­мер), др­жа­ва­та и цр­ква­та се од­во­е­ни, МПЦ-ОА на раз­го­во­ри­те со сво­и­те ко­ле­ги од Срп­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква ќе ја прет­ста­ву­ва це­ла­та зем­ја, неј­зи­на­та исто­ри­ја, оби­чаи, по­себ­на кул­ту­ра и ја­зик. Пре­го­во­ри­те со срп­ски­те вла­ди­ци се мно­гу по­ве­ќе од цр­ков­ни раз­го­во­ри со кои тре­ба да се до­го­во­рат ка­нон­ски пра­ша­ња.

Банките стабилни, парите сигурни
Кризата запрена на јужната граница

Гра­до­ви­те што гра­ни­чат со Гр­ци­ја ве­ќе ја чув­ству­ва­ат грч­ка­та кри­за. Грч­ки­те пре­ми­ни ги по­ми­ну­ва­ат сѐ по­мал­ку Гр­ци, кои по­ра­но па­за­реа во Би­то­ла и во Ге­вге­ли­ја, а се­га по­ра­ди не­до­сти­гот од фи­нан­сии ре­чи­си и ги не­ма во по­гра­нич­ни­те гра­до­ви, иа­ко има­ше ин­фор­ма­ции де­ка има нап­лив на грч­ки па­зар­џии во Ма­ке­до­ни­ја. За­се­га ло­ша­та фи­нан­си­ска со­стој­ба сѐ уште не­ма пре­диз­ви­ка­но за­стој во де­лов­на­та со­ра­бо­тка ме­ѓу фир­ми­те на Ма­ке­до­ни­ја и на Гр­ци­ја. Струч­ња­ци­те убе­ду­ва­ат де­ка слу­чу­ва­ња­та во Гр­ци­ја, не­ма да за­тво­рат дел од фир­ми­те, ни­ту да го за­гро­зат ра­бо­те­ње­то на  бан­ки со грч­ки ка­пи­тал, кои се во зем­ја­ва

Целите статии можете да ги прочитате во најновиот број на „Република“, во продажба од 3 јули 2015 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top