| четврток, 6 декември 2018 |

Филип Белчев и Билјана Гегоска се зетот и невестата на 42. Галичка свадба

Гегоска (29) има галичко потекло и е многу среќна што конечно ќе биде невеста на манифестацијата на која досега учестувала многупати, како дел од целата церемонија. Таа по професија е дипломиран правник и работи во приватна градежна компанија. Белчев (26) е професор по македонски јазик и во моментов е невработен

Билјана Гегоска и Филип Белчев се овогодишните невеста и зет на 42. Галичка свадба, која на 11 и 12 јули ќе се одржи во Галичник во рамки на „Галичко лето 2015“.

Гегоска (29) има галичко потекло и е многу среќна што конечно ќе биде невеста на манифестацијата на која досега учестувала многупати, како дел од целата церемонија. Таа по професија е дипломиран правник и работи во приватна градежна компанија. Белчев (26) е професор по македонски јазик и во моментов е невработен.

– Отсекогаш, од мала, кога сум се замислувала како невеста, тоа никогаш не била венчаница во бела боја, туку галичната невестина руба. Чувствувам голема возбуда и среќна сум што ќе бидам галичка невеста. Носијата е тешка, но се чувствувам убаво. За мене и за моето семејство улогите во свадбата не се наметнати туку ние навистина ги доживуваме – вели Гегоска.

galicka-svadba-4

Зa Филип чест е, вели, да се биде дел од оваа традиционална манифестација и да се прави свадба според традиционалните обичаи.

– Огромна чест за мене како Македонец е тоа што ќе бидам дел од оваа свадба – вели Белчев.

Геговска потекнува од галичко семејство, а нејзиниот татко е сопственик на коњичкиот клуб „Бистра“ од Галичник.

– Токму поради тоа немавме проблеми со обуката на невестата и на зетот бидејќи и двајцата се искусни јавачи и може да ги исполнат сите барања во однос на самите свадбарски обичаи – вели Митре Аџиевски, претседател на Месната заедница Галичник.

galicka-svadba-1

Гегоска и Белчев на 5 септември ќе имаат и класична свадбена веселба.

– Учестувавањто на галичката свадба го чувстувам како чекорење по нашите предци. Јас сум израсната во ова село и со оваа манифестација. И кога невестата преку прстен го гледа младоженецот и вели „Низ прстен те гледам во срце да ти влезам“, јас тоа навистина го чувстувам – вели идната галичка невеста.

Во рамки на овогодишното „Галичко лето“ ќе се одржат книжевна и ликовна колонија. Книжевната колонија „Галичник“ традиционално се одржува во првата половина на август, но поради смртта на истакнатиот поет Тодор Чаловски, по потекло од Галичник, годинава манифестацијата е поместена за средината на септември. Ликовна колонија, пак, оваа година ќе угости повеќе домашни и странски уметници, а ќе се одржи од 15 до 23 август.

По повод верскиот празник Преображение ќе биде организирана свеченост, а црквата „Св. Петка“ ќе биде цела ноќ отворена за посетители.

Галичката свадба која е основен белег на Галичкото културно лето обединува над 30 свадбени обичаи карактеристични за мијачкиот крај од кои повеќето и денес се изведуваат за време на свадбени веселби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top