| четврток, 6 декември 2018 |

Како да го скриете целулитот на плажа

odbojka na plaza

Дури 80 отсто од жените се соочуваат со проблемот на „кожа како кора на портокал“. Кај тие со поцврста градба целулитот е помалку воочлив, кај тие со понежна е повпечатлив, но дури и манекенките не се имуни на целулитот.
Доколку сте исплашени од тоа како ќе изгледате на плажа, еве три трикчиња со чија помош ќе го прикриете целулитот на плажа.

Крема за самопотемнување

Целулитот е највпечатлив на светла кожа. Потемната кожа визулено го прикрива целулитот. Три дена пред да заминете на одмор со помош на средство за самопотемнување осигурајте си бронзен тен, со тоа ќе си осигурате и поголема самодоверба на плажа.

Лак за коса

Можеби ви звучи смешно, но едно волшебно решение за прикривање на целулитот е лакот за коса. Кога ќе го нанесете на критичните места, лакот ја затегнува кожата и на тој начин целулитот се гледа помалку. Само што „магијата“ трае само неколку часа.

Студен туш

Студената вода ја затегнува кожата. Доколку може да издржите ваков екстремен третман истуширајте се со студена вода непосредно пред да одите на плажа. Критичните делови со целулит, изложете ги барем пет минути под млаз студена вода и целулитот привремено ќе исчезне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top