| четврток, 6 декември 2018 |

Екстремно топло во Париз

Топлотниот бран стигна и во Париз, каде што температурата покажа 39,7 Целзиусови степени.

sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz-1

Последниот пат кога живата во термометарот достигна такви рекорди во француската престолнина, беше во 2003 година, која беше обележана со висока смртност поради жештината, особено кај постарите луѓе.

Се очекува високите степени да се задржат уште една недела. Највисоката температура регистрирана некогаш во Париз е од далечната 1947 година, кога температурата достигнала 40,4 Целзиусови степени.

Претходно вчера француските власти прогласија жолт аларм во две третини од земјата поради опасност од горештините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top