| четврток, 6 декември 2018 |

Забележавте дека „Фејсбук“ го смени логото?

safe_image

Фејсбук го промени логото, но на прв поглед речиси е невозможно да се воочат разликите.

Имено, се работи за минимални измени на фондот, а најмногу се гледа промената на буквата „а“. Боите се останати исти, како и верзијата на логото каде се појавува само буквата „ф“.

Фејсбук последен пат го промени лотото во 2005 година, а компанијата соопшти дека промената е направена со цел логото да изгледа „попристапно“ и „поедноставно за користење“.

Дизјанот го потпишуваат дизајнерите на Фејсбук, на чело со креативниот директор Џош Хигинс, во соработка со Ерик Олсон од „Процес Тајп Фаундари“.

– Откако ги испитавме сите операции, заклучивме дека е доволен само редизајн, а не целосно нов дизајн, изјави Хигинс.

Новата верзија на логото ќе се појави наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top