Командантот на индонезиското Воено воздухопловство, маршал Агус Дви Путранто, денеска издаде наредба за забрана на летови на воените авиони од типот „херкулес“ на неопределено време.
Бројот на авионите што ќе бидат приземјени, според командантот, е воена тајна.
Наредбата за приземјување е последица на завчерашната катастрофа на индонезискиот воен авион од овој тип, кој две минути по полеувањето се урна врз населеба во градот Медан на островот Суматра, при што загинаа најмалку 142 лица.
Според сегашните податоци, најголем дел од жртвите на оваа авионска катастрофа се ноѓале во авионот. Официјално, во „Херкулесот“ имало 122 лица, меѓу кои и поголем број членови на семејства на вработени во воената база близу Медан.
Медиумите во Индонезија денеска пренесуваат повеќе изјави на сведоци, според кои, авионот бил преоптоварен, бидејќи во него имало и поголем број цивили, кои за да се качат во леталото на пилотите им плаќале од 50 до 70 долари.
На ова веднаш реагираа воените власти, според кои, ваквите тврдења се апсурдни, бидејки и да имало стотина „слепи патници“, тие со ништо не можеле да придонесат да се случи катастрофата, бидејки овој тип авиони може да транспортира 12,5 тони товар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.