Кандидатката за претседателска номинација на демократите во САД, Хилари Клинтон, собрала над 45 милиони долари за предизборната кампања. Таа објави номинација во април.
Претставници на предизборниот штаб на Клинтон изјавија дека 91 отсто од донациите биле во вредност од 100 долари или помалку, и тоа според нив значи широка народна поддршка.
Собраните средства се повеќе од 42 милиони долари колку што собра Барак Обама во 2011 година во првото тримесечие од натпреварот откако објави кандидатура.
Американски медиуми коментираат дека тоа со сигурност ќе биде најскапата политичка кампања во историјата на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.