Масовниот убиец Андерс Беринг Брејвик денеска почна судски процес против норвешката држава обвинувајќи дека му се прекршени неговите човекови права, со тоа што е држен четири години во строга изолација во затвор.
Брејвик тужбата ја поднесе во главниот суд во Осло. Тој во тужбата се повикува на Европската конвенција за човекови права и има цел да го принуди Осло да му обезбеди поголем пристап до луѓе.
– Тој е изложен на многу екстремен степен на изолација – изјави адвокатот на Брејвик, Ејштејн Сторвик, додавајќи дека неговиот контакт со други луѓе во најголем дел е сведен на чувари и затворски персонал.
Според адвокатот, Брејвик има право да контактира со други лица, можеби и други затвореници, наспроти ризикот да биде нападнат.
Бреквик, кој сега има 36 години, активира бомба во центарот на Осло на 22 јули 2011 година, при што загинаа осум лица, а потоа изврши напад на островот Утоја, каде што уби 69 лица. Тој е осуден на 21 година затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Норвешка бара 90.000 работници: Работите по 8 часа на ден, а платата ќе ви биде 7 000 евра
-
Влезе во историјата: Новрешка е најуспешна нација на ЗОИ, подобра и од Америка