Неколку банки во Србија во последните месеци се ослободиле од повеќе од 500 работници поради кратење на трошоци, објави српски „Блиц“.
Само една банка отпуштила 210 вработени, додека друга поделила 200 откази. Намалувањето на бројот на вработени било проследено со гасење на најмалку 50 работни единици. Соговорници за „Блиц“ велат дека банките во Србија имаат големи проблеми. Од една страна имаат многу пари, а од друга немаат кому да му дадат кредити.
– Така имате ситуација кога банките се премногу ликвидни, но и кога нивниот основен бизнис, практично, замрел. Поголемиот дел од фирмите имаат финансиски проблеми и сите и да сакаат да се задолжат не можат затоа што не се кредитоспособни. Граѓаните истовремено се плашат од задолжувања. Поради проблемите со швајцарскиот франк и стрвот од непредвидливиот курс денес ретко кој се осмелува да земе станбен кредит. Кредитите во готовина истовремено и понатаму се скапи имајќи ги предвид ниските и нередовни плати. Банките затоа интензивно ги гасат филијалите, кои, во просек, вработуваат по 10 луѓе – велат за „Блиц“ од една банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.