| четврток, 6 декември 2018 |

Пoлицајците згрижиле онесвестен мигрант, бремена жена со болки и дете од Сирија кое ги изгубило родителите

Полицијаците во вторникот згрижиле и им помогнале на онесвестен маж и бремена жена со болки од Камерун и му помогнале на  дете од Сирија коешто се изгубило со своите родители.

Онесвестениот маж и бремена жена која имала болки биле пронајдени во вторникот попладне околу 14 часот на граничната линија кај Гевгелија. Полициските службеници ги транспортирале Камерунците во Здравствениот дом во Гевгелија каде им била укажана прва помош, а по лекарската нега двајцата ја напуштиле болницата.

Девојчето родено 2010 година било најдено истo така попладнeто околу 15 часот на истата гранична кота. Во соработка со УНХЦР бил пребаран теренот и вечерта биле најдени родителите на девојчето, по што сите биле споени во просториите на полициската станица на граничниот премин Богородица.

Во текот на вчерашниот ден, заклучно со 08.00 часот утринава, Министерството за внатрешни работи издало 657 потврди на странски државјани кои изразиле намера да бараат азил во Република Македонија.

Вклучувајќи ги нив, во периодот од 19.06.2015, од кога беше донесен Законот за азил и привремена заштита, до среда, вкупно се издадени потврди на 5.915 странски државјани, од кои, 4.670 се од машки пол, 728 се од женски, 507 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште десет деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 3.765, потоа Авганистан- 548, Ирак- 350, Пакистан- 275, Сомалија- 246, Конго-237, Палестина-162 додека останатите се во помал број.

Во периодот од 07.00 часот на 30.06.2015 до 07.00часот на 01.07.2015 година нема вакцинирани лица. Извршена е дезинфекција во Куманово на 800 м2 вагони и 200 м2 чекална и перон. Потоа дезинфекција на вагони Табановце од 400 м2 и дезинфекција Скопје на 800 м2 вагони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top