| четврток, 6 декември 2018 |

Нова група лекари во Хрватска осудени за примање поткуп

vлекар

Во последната од серијата спогодби со обвинителството во аферата Хипократ во загрепскиот Жупаниски суд осудени се уште 30-тина лекари по општа пракса и вработени во фабриката Фармал, која според тврдењата на УСКОК ги подмитувала лекарите со цел на пациентите да им препишуваат нејзини производи.

Повеќето осудени, кои претходно ги признале обвиненијата на УСКОК добиле претежно условни казни, но некои се казнети парично или наместо затвор добиле општествено корисна работа. Меѓу осудените е и поранешната финансиска директорка на Фармал, Јасна Мајхен.

Првата група лекари во овој случај постигнаа спогодба уште во април минатата година, а станува збор за најмасовно обвинение во историјата на хрватското правосудство со дури 365 обвинети поради примање и давање мито, злоупотреба на позицијата и должноста и поттикнување на овие дела.

И тогаш лекарите со условни казни се осудени на враќање на парите, кои ги примиле од фармацевтската компанија, за која во текот на истрагата се открило дека на мито трошела околу 14 милиони куни годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top