Кризата, која својата кулминација ја доживува токму овие денови, Грција ја тресе уште од 2008 година.
Некои Грци сметаат дека по времето на Перикле, кое во историјата е запишано како „златно доба на Грците“, вториот златен период бил од 1996 до 2008 година. Тоа го покажува и улицата „Ермоу“ во Атина.
Во 2007 година, според оценката на една компанија која се занимава со недвижности, во Атина се наоѓа улица која била меѓу најдобрите 10 улици на светската листа на недвижности. Но, само две години подоцна, цената на недвижностите во улицата „Ермоу“ се намалила за пола, а тој тренд продолжува.
Веќе во 2012 година улицата ја овековечи грчката криза. Денес, три години подоцна и само осум години откако беше прогласена за една од најперспективните зони во светот, оваа улица изгледа страшно.
Исчезнал стариот сјај на улицата. Сега доминират кафулиња, продавници во кои се продава користена стока, графити…Последните денови во улицата може да се забележат и луѓе кои во редови чекаат пред банкомати – последниот споменик на грчката криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст