Министерството за економија и „Кадиица метал“- фирма ќерка на рускиот рударски гигант „Солвеј“, потпишаа договорот за концесија на рудното богатство во локалитетот Кадиица кај Пехчево.
-Со потпишување на овоj договор се отстранети сите дилеми и сомнежи дека со експлоатација на рудата ќе има негативни влијанија врз екологијата и ќе дојде до нарушување на животната средина, изјави градоначалникот Игор Поповски.
По 24 месечна пауза ќе продолжат истрагите на рудното богатство на Кадиица, а наскоро ќе почне и експлоатацијата на металите, со што се создаваат можности за вработување на 300 лица од Пехчево и Малешевијата во „Кадиица метал“.
Руската компанија „Солвеј“ која стопанисува и со рудниците „Саса“ од Македонска Каменица и „Бучим“ од Радовиш истрагите на металните рудни наоѓалишта во општина Пехчево ги започна пред пет години.
До прекин на работите дојде во 2013 година поради сомневања на екологистите дека отворањето на рудник на Кадиица ќе има негативно влијание на животната средина.
Според градоначалникот Поповски отворањето на рудник ќе донесе бенефит за локалната самоуправа, не само со зголемувањето на бројот на вработените, туку и со концесискиот надоместок што општината ќе го остварува.
-Тоа пак, ќе овозможи побрза и сигурна реализација на бројни проекти од комуналната инфраструктура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст