Аделина Тахири потврди дека синоќа имала сообраќајка, но дека е добро, а не тешко повредена како што пренесоа албанските медиуми.
Пејачката напомена и дека фотографиите од сообраќајката, на кои се гледа уништен автомобил, не се од нејзината несреќа.
– За сите тие што ми пишаа, ми се јавија и што се вознемирија: Добро сум… Фотографиите не се од мене и мојот автомобил. Доживеав мала сообраќајна несреќа и сум надвор од животна опасност. Ви благодарам на сите – стои на официјалниот профил на пејачката на „Инстаграм“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.