Царинската управа денеска го одбележува пристапувањето кон конвенциите за заедничка транзитна постапка и за поедноставување на формалностите при трговија со стока.
Со денешното пристапување кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока, Република Македонија станува дел од заедничката транзитна постапка на ЕУ, соопшти Управата.
Царинската транзитна постапка претставува една од основите на европската интеграција и е од витален интерес за европските бизниси. Со пристапувањето кон зедничката транзитна постапка на ЕУ, како што се посочува, се овозможува транзитирање на стоки во помеѓу кои било две места во кои било земји кои се дел од заедничката транзитна постапка со користење на една единствена транзитна декларација во електронска форма и единствена гаранција.
Од аспект на евроинтеграциите, влезот во заедничкиот транзитен систем ќе биде клучен адут во претпристапните стратегии бидејќи Република Македонија ќе биде дел од царинскиот систем на ЕУ пред да стане нејзина полноправна членка. Од економски аспект, пак, пристапувањето кон Конвенцијата значи олеснување на тргувањето со ЕУ, ЕФТА и со Турција, како наши најголеми и долгорочни надворешно-трговски партнери, вели во видео интервју за Република Наташа Радеска Крстевска, Директор на Царинската Управа на Република Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.