| четврток, 6 декември 2018 |

„Летни приказни“ со „Или-или“

Од денеска, први јули, по шести пат почнуваат „Летните приказни“ со „Или-или“ во чиишто рамки домашните читатели ќе можат да ги набават изданијата на „Или-или“ по одлични цени, со попуст од 20 до 70 проценти. Акцијата ќе трае во следните два месеци, односно до први септември, во книжарницата „Или-или“ во Скопје.
mojot maz
– Зад нас се два прилично возбудливи месеци, во чиишто рамки бевме дел од традиционалниот Саем на книга во Скопје, организиравме две промоции на книгите „Ги најдов во длабокото“ на Симона Јованоска (МКЦ) и „Исповедни финеси“ на Влатко Галевски (Менада), а минатата недела наидовме на одличен прием кон нашата иницијатива симболично насловена „Мал книжевен пркос“, во чиишто рамки во фокусот беше новиот роман „Телото во кое треба да се живее“ на Петар Андоновски, со кого публиката се дружеше во петокот во „Или-или“. Освен спомнатите домашни автори, им дадовме можност и на две нови имиња, Јана Лозаноска и Силвија Митевска, кои со дебитантските книги „Дневна соба“ и „Додека Данте спие“ само ја потврдуваат нашата тенденција за издавање квалитетна домашна проза, чијашто промоција ќе следува во следниот период. Да не ги заборавиме и второто издание на „Мојот маж“ на Румена Бужаровска, најпродаваната книга на Саемот на нашиот штанд, како и третото издание на наградуваниот роман „Резервен живот” на Лидија Димковска, кои одлично ја заокружуваат нашата издавачка приказна. Во овој период издадовме и неколку исклучителни преводи, како првиот превод од руски јазик во едицијата „Проаза“ – „Си беше една жена која сакаше да го убие детето на сосетката“ на Људмила Петрушевскаја, потоа жестокиот трилер „Играта на Де Ниро“ на Рави Хаж, како и култните новели на Борислав Пекиќ, „Одбраната и последните денови“ и „Успението и падот на Икар Губелкијан“ – соопштуваат од „Или-или“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top