Прераното заминување на Младенов не е само голема загуба за неговото семејство и неговите пријатели, туку претставува огромна загуба и за сите македонски новинари, се вели во сочувството што Здружението на новинари на Македонија го испрати по трагичната смрт на основачот на неделникот „Фокус“.
– Загубивме колега, кој остана верен на неговите читатели и критичен на секоја власт. Вакви новинари се ретки и затоа загубата е огромна. Никола беше и останува светла точка на македонското новинарство, од кого ќе можат да учат иднините генерации новинари. ЗНМ изразува сочувство на семејството на Младенов и на неговите блиски соработници и пријатели. Почивај во мир, колега! – се вели во сочувството испратено од ЗНМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.