| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Господин и госпоѓа Смит“ ќе стане реално шоу

По десет години од снимањето на популарниот филм „Господин и госпоѓа Смит“ во кој главните улоги ги толкува актерите Анџелина Џоли и Бред Пит, филмот ги инспирираше двете продуцентски куќи, „Њу Реџенси“ и „Три Бал Ентертејмент“ да создадат реално шоу за двојки со идентична тематика како во „Господин и госпоѓа Смит“. Во шоуто секоја двојка ќе учествува во интересни игри и задачи.

US actors Brad Pitt and Angelina Jolie act as John and Jane Smith in the movie "Mr. and Mrs. Smith"

Во филмот Џоли и Пит играа монотона брачна двојка, кои ќе бидат непријатно изненадени откако кога ќе дознаат дека двајцата се платени убијци и дека самите се цел еден на друг.

Реалното шоу, наводно, би требало да се снима во Велика Британија, но засега сѐ уште не се познати други детали, ниту, пак, дали во него ќе се појават и самите Анџелина и Бред.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top