| четврток, 6 декември 2018 |

Финале за Чиле

Репрезентацијата на Чиле е првиот финалист на Копа Америка по победата во полуфиналето против селекцијата на Перу со 2-1. Едуардо Варгас беше јунакот на домаќините и со два гола го одлучи мечот.

Се чини еден од клучните моменти на дуелот беше во 20. минута кога Замбрано, поради остар старт, доби директен црвен картон што значително им ја олесни задачата на фудбалерите на Чиле.

Првиот гол Варгас го постигна во 42. минута од средбата, Перу израмни во 60. минута со автоголот на Медел, но нивната радост не траеше долго со оглед на тоа што Варгас со вистински еврогол од 25 метри донесе триумф за пласман во финалето.

Во второто полуфинале ќе играат Аргентина и Парагвај.

cile

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top