Унгарската полиција употребила солзавец за да прекине тепачка во камп за емигранти во предградието на Дебрецин, на истокот на земјата, соопшти полицијата.
Нередите во кампот избиле на верска основа кога еден емигрант го одзел Куранот од друг емигрант, во кој, според очевидци, имало скриено 200 евра, го фрлил на земја и почнал да го гази. Еден полицаец е повреден во спречувањето на инциндентот.
Во тепачката се приклучиле повеќе од стотина емигранти кои биле сместени во истиот камп, а нередите се прошириле и на соседната улица каде што емигрантите почнале да палат канти и да оштетуваат автомобили.
При реакцијата на полицијата да ги врати назад во кампот и да ги раздвои учесниците во тепачката биле употребени солзавци. При тоа, еден полицаец е повреден со камен.
Ова е втор инцидент во капови за емигранти во Унгарија. Претходно, во камп во Сегедин, исто така, имало мал инцидент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.