Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини утрово истакна дека по завршувањето на новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина, по 16 часа работа финализирани се текстовите на два договора, но дека политички договор нема.
Таа во соопштението објавено со состанокот на делегациите прецизира дека е завршен текстот за договори во врска со принципите за воспоставување Заедници на српските општини на Косово, како и спроведување на договорот од областа на телекомуникациите.
– Финалниот политички договор не е постигнат – констатира Могерини во соопштението додавајќи дека веднаш ќе се размислува за следните чекори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.