Светските медиуми ја потврдија врската помеѓу Стружанецот, Пајтим Касами фудбалер на грчки Олимпијакос и популарната пејачка Никол Шерцингер, инаку поранешна девојка на Луис Хамилтон.
Шерзингер и Касами се уловени од објективот на фоторепортерите како уживаат на грчкиот остров Миконос и делуваат заљубено и среќно.
Пејачката на Твитер објави дека минува во нова фаза од својот живот и дека и се случила нова љубов, а швајцарскиот репрезентативец со потекло од Струга, очигледно не може да се одвои од атрактивната Никол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.