Германската телевизиска мрежа „Це-Де-Еф“ најавува можност од одржување вонреден самит на Европската унија в среда, на која единствена тема би била состојбата во Грција.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, најавата за вонредниот самит доаѓа во очекување на обраќањето на германската канцеларка Ангела Меркел во Бундестагот.
Во меѓувреме, „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, повикувајќи се на извори во Брисел, наведува дека грчката Влада нема доволно пари за да го организира ветениот референдум за понундата на кредиторите кон Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



