Како дел од стратегијата за развој на научната мисла на овие простори, во рамки на проектот „Општината ги стипендира најдобрите“ еднократни парични награди во износ од по 10.000 денари, меѓу кои и три екипни од по 15.000 денари, им беа доделни на 75 најталентитрани ученици од општината, кои во периодот од 2014/2015 година освоија награди на натпреварувањата од областа на науката, спортот, културата и уметноста.
– Личните достигнувања во областа за која сте најталентирани, се сами по себе награда. Паричните средства што општина Кисела Вода денес ви ги доделува како признание, треба да бидат стимул за да продолжите и понатаму да работите, да се развивате и да бидете референтна точка за сите ваши наследници во училишните клупи, нагласи градоначалничката Беличанец-Алексиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал