| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица загинати во сообраќајна несреќа во Албанија

сообраќајка

Четири лица ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска нешто по полноќ на патниот правец меѓа албанските градови Корча и Подградец, јави дописникот на МИА.

До несреќата дошло кога комби изгубило контрола и излетало од патот во блзина на селото Дрита.

Според првичните сознанија, возачот, најверојатно, заспал, поради што загубил контрола врз возилото, кое паднало од мост.

Меѓу загинатите се 15-годишно дете и лица на возраст од 24, 29 и 41 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top