| четврток, 6 декември 2018 |

Три нови странски инвестиции со над 1.200 работни места

умс нг топТри нови странски инвестиции со кои ќе се отворат над 1.200 работни места најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на годишната конференција на Унијата на млади сили.

Едната компанија е од автомобилската индустрија и таа ќе гради фабрика во Пробиштип каде ќе бидат отворени нови 280 работни места, а втората е германска компанија која се занимава со производство на електрични уреди која ќе инвестира во ТИРЗ Скопје и ќе бидат вработени околу 500 лица. Интерна одлука за инвестирање во Македонија има донесено и една швајцарска компанија која произведува соларни панели. Таа ќе инвестира 11 милиони евра во зоната во Скопје и ќе бидат вработени 500 лица.

– Деновиве, министерот Бил Павлески ме информираше за две нови инвестиции. Тој ме информираше дека се завршени преговорите со една компанија за производство на делови за автомобилска индустрија. Компанијата веќе донела одлука на Бордот на директори да инвестираат во нова фабрика во Пробиштип, во која планираат да вработат 280 луѓе и да инвестираат 15 милиони евра. Тие веќе регистрирале фирма во Македонија и ги ангажирале првите неколку вработени, рече Груевски. Според најавите, во првата половина на јули менаџерскиот тим на компанијата треба да дојде и да го потпише договорот со Владата.

Германската компанија за производство на електрични уреди пак ќе инвестира 30 милиони евра и ќе вработи 500 лица.

– И тие веќе регистрираа компанија во Македонија, отворија канцеларија и ги имаат вработено првите неколку луѓе. Оваа компанија пред две недели потпиша договор со ТИРЗ за закуп на парцела на која ќе се гради фабриката, нагласи Груевски.

Тој потсети дека неодамна е објавено дека Македонија има најголем раст на странски директни инвестиции по глава на жител во 2014 споредено со 2013-та.

– Две години по ред, 2013-та и 2014-та, имаме економија со втор највисок раст во Европа, а самата ЕК објави дека годинава 2015-та, и следната 2016-та, очекува најголем раст на економијата во Македонија во цела Европа, потенцира Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top