| четврток, 6 декември 2018 |

Предупредување за закана од тероризам на 4 Јули во САД

homeland securityАмериканските федерални власти издадоа предупредување низ целата земја за закана од тероризам на празникот 4 Јули, според анонимен американски функционер, цитиран од локалните медиуми. Иако не е наведена конкретна или веродостојна закана, според информациите собрани од Одделот за домашна безбедност и ФБИ, на локалните полиции им е кажано дека постои можност за закана од Исламска држава и од други терористички групи, пренесе Ју­Ес­Еј Тудеј.

Предупредувањето доаѓа неколку дена по трите смртоносни напади во Тунис, Франција и Кувајт, во кои загинаа голем број цивили. Она што медиумите го нарекоа „ден на теророт” следуваше по повикот на ИСИС за војна против неверниците. Терористичката група повика на напади од „муслиманите насекаде” за време на светиот месец Рамазан.

Коментирајќи за нападите, секретарот на Одделот за внатрешна безбедност Џеј Џонсон изјави дека локалните власти се „будни и подготвени” во пресрет на прославата на 4 Јули.

-Ние, исто така, ќе ги приспособиме безбедносните мерки, видените и невидените, како мерка што е потребна за да се заштити американскиот народ. И понатаму ги охрабруваме сите Американци да присуствуваат на јавните настани и да ја слават оваа земја во текот на оваа летна сезона, но секогаш да останат будни-  рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top