| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски го повика Заев на предвремени градоначанички избори во Струмица оваа есен

ums ng 11-Ако Заев има барем ронка доверба во себе и во својата политика, го повикувам да распише предвремени градоначалнички избори во Струмица оваа есен, особено после онаа видео снимка на која отворено и срамно бара мито од бизнисмени раскажува како тоа таков бил редот за земање арач од сите, за работи кои се обврски на општината да ги заврши на секој еден граѓанин или бизнисмен- го повика премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски струмичкиот градоначалнил и прв човек на СДСМ Зоран Заев.

-Замислете таков човек за Премиер!!!?Истото ќе почне да го прави со сите домашни и странски инвеститори и компании, кои една по една ќе почнат да се повлекуваат, и да ги затвораат новоотворените работни места. Независно дали тој или некој друг од овој тим ќе биде премиер, а самиот Заев шеф на партијата. Бидејки моќта секој еден политичар ја црпи од партијата, за која народот се произнесува на избори, а народот ја дава таа моќ- порача Груевски на прославата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top