Токму ВМРО-ДПМНЕ преку серија на мерки овозможи над 95 осто од матурантите да се запишат на универзитет.Идејата на оваа политика е дека секој заслужува шанса. А понатаму дали ќе продолжи, дали ќе го заврши или не, од него зависи. Посебно ги насочуваме младите кон техничките и инжињерските науки, кои даваат посебна шанса низ животот понатаму.Некои од нив се дефицитарни, или високо платени во приватниот сектор, рече премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
-Еве на пример ИТ инжињерите.Нивните плати во приватниот сектор се значително над оние во јавниот. Токму со цел да ги заджиме и привлечиме поквалитетните ИТ инжињерти во јавниот сектор, се определивме за 30 процентно зголемување на платите на ИТК инжињерите во јавниот сектор. Во последните 15 години дојде до опаѓање на критериумите за отценување на знаењето како во основните и средните училишта така и на универзитетите, особено некои од нив, рече Груевски.
Воведувањето на екстерното тестирање до некаде помогна за основното и средното образование.Таму за во иднина сериозен предизвик за решавање ни останува поголемо прилагодување на наставата кон креативно учење, креативно размислување и креативно решавање на проблемите.
-За тоа ќе биде потребен дополнителен напор на наставниците, и дополнителни нивни тренинзи.Основањето на педагошка академија и новите принципи во законот за прием и подршка на идните студенти на педагошките факултети, долгорочно ќе ги зголемат стандардите во оваа област, но ни требаат и среднорочни мерки. Сличен проблем со реалноста на отценувањето провејува и на некои од универзитетите. Исто така и со креативноста како приод во наставата и учењето.Знаејки дека тоа е на штета на студентите, се трудиме да изнајдеме решенија и мерки со кои овие сосотојби ќе се подобрат. Не секогаш бевме правилно разбрани при тие наши добронамерни чекори.Но, нема да се откажеме. Ќе продолжиме да работиме многу на ова поле. Студентите и професорите ќе бидат многу повеќе одколку во минатото вклучени во тие напори, но потребни се две претпоставки за да тоа заврши со успех. Прво, да се тргнат рацете на дневната партиска политика кога станува збор за квалитетот на образованието, и второ, појдовна основа да ни биде дека мораме непрекидно да ги зголемуваме стандардите кога станува збор за знаењето, креативноста и квалитетот на високото образование, вклучувајки го тука и постојаното научно надградување на професорите. Државниот испит решава само дел од проблемот. Потребни се и други чекори кон стимулирање на знаењето и креативноста, а јас би рекол најпрво кон стимулирање на менување на менталниот склоп, а тоа во правец дека кога некој учи повеќе, и има повеќе знаење, тој вложен труд не е за никого друг освен за тој што го вложува. За негов личен напредок во кариерата и животот, за негов понатамошен поквалитетен живот, кратко кажано за негово добро. И се додека родителите се борат ,,да не им се мачат децата,, додека одат во училиште и на факултет, треба да знаат една работа, дека тоа е најсигурниот пат да ги доведат во ситуација да им се мачат цел живот. Јас велам подобро е да се мачат со учење додека се млади, одколку целиот преостанат живот да се мачат со сиромаштија, неконкурентност и немање работа или ниска заработувачка, и многу фрустрации и несреќи кои призлегуваат од тоа, рече Груевски.
Премиерот нагласи дека се надева дека сите оние родители кои искрено ги подржуваа децата во протестите против задолжителното полагање математика на матура, или кои со сите сили и на разни начини се трудат да им издејствуваат повисоки отценки на своите деца а без доволно знаење, или со други зборови и со народен жаргон да им учинат, да ги усреќат на кратко, нема погрешно да ме разберат ако јавно кажам дека, несвесно им учинуваат ама многу лошо им учинуваат.
-И краткорочно ги усреќуваат, долгорочно ги унесреќуваат. Со сиот ризик да бидам погрешно сфатен, го кажувам ова мошне искрено,најдобронамерно и отворено, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ
-
Иселените млади ќе ги враќаа, а на студентите им кратат од храната: Владата на СДСМ го укина појадокот во студентските домови