| четврток, 6 декември 2018 |

Шојбле: Еврозоната ќе елиминира ризик од финансиска зараза од Грција

шојбле
Грција во наредните денови ќе биде во големи маки, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и додаде дека Еврозоната ќе стори се за да се елиминира каков било ризик од финансиска зараза и каква било  загриженост на финансиските пазари.- Грција е членка на еврозоната и ние сме се подготвени да направиме се што можеме да и помогне на земјата во оваа тешка фаза- истакна германскиот министер по вториот состанок на еврогупрата во Брисел кој се одржа без Грција.

Еврокомесарот за економски прашања Пјер Московиси, пак, само кусо рече дека еврозоната ќе има 19 членки, колку што има и сега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top