| четврток, 6 декември 2018 |

Убавиците од регионот во новиот видеоспот на Елена Ристеска (ФОТО)

11667239_10207162184512601_683438938_n

Вчера почна да се снима видеоспотот за новата песна на Елена Ристеска „Доживотно“, на која како автор се потпишува српска композиторка Александра Милутиновиќ, додека, пак, за аранжманот се погрижи Дарко Димитров. Песната од неодамна е хит на сите радиостаници во земјава, но и регионот како што се Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

11652129_10207162184472600_196520324_n

Спотот ќе има две верзии, една на македонски и една на српски јазик, меѓутоа тоа што навистина ќе ве натера да го погледнете овој видеоспот се трите убавици што се појавуваат покрај Елена. Во спотот покрај Ристеска се појавува и познатата српска водителка Катарина Шишмановиќ, која во регионот е позната по емсијата „Све за љубов“, која веќе неколку години се емитува и на нашите простори.

11650978_10207162184392598_1898883500_n

Покрај Шишмановиќ, во спотот ќе ја видиме и една од најатрактивните водителки од Македонија, Марјана Станојковска, но и познатата манекенка Ана Коцева. Инаку спотот се снимаше во хотел „Русија“ и тоа под режисерската палка на Бане Поповиќ и „Томато продукција“.

11652192_10207162184432599_1306264148_n

За потребите на снимањето беа користени креации на познатата дизајнерка Мила Кадриу и „Емили ексклузив дизајн“, но помогнаа и „Фешн груп“, „Баргала“ и „Хисар туризам“. За шминката и фризурата беа задолжени вештите раце на стилистот Даниел Николовски и Ивана Атанасовска. За неколку дена се очекува и официјална промоција на видеоспотот во Македонија, но и Србија.

Фото: Стефан Николовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top