| четврток, 6 декември 2018 |

Ново, ексклузивно откритие во античкиот град Стибера

Античкиот град Стибера донесе ново, ексклузивно откритие. Мермерна скулптура во природна големина на великодостојник со свиток во раката, од 2 век од нашата ера. Ја пронашле екипите на прилепскиот музеј додека работеле на истражувањата.

1f4b629a-6596-4d53-983d-152191770d4d-132697666

 

Просторот на кој е најдена, се претпоставува, е дел од големото градско собрание на Стибера.

Секое истражување на најголемиот локалитет во земјава со мермерни статуи носи ексклузивно откритие.

– Се однесува на некој значаен граѓанин, што се потврдува со самата изработка на драперијата, деловите од телото, во природна големина е и допрва следува процесот на конзервација – изјави Гордана Данилоска Спироска, директорката на прилепскиот музеј. Државата ќе ги решава имотно-правните прашања со земјиштето со жителите за да се интензивираат истражувањата на овој огромен комплекс.

Стибера, некогашниот антички град со повеќе од 20.000 жители во шест децении истражување донесе повеќе од 20 мермерни скуптури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top