| четврток, 6 декември 2018 |

Неофицијално: Сопственикот на „Фокус“, Никола Младенов, загина во сообраќајна несреќа

Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот Велес – Скопје, во близина на Хиподром, во која настрада познатиот новинар и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов.

Неофицијално, до несреќата дошло откако возилото со кое се превезувал новинарот излетало од патот и се превртело. Сообраќајната несреќа, најверојатно, се случила ноќеска, но автомобилот бил најден утринава. Се возел во автомобил марка „мерцедес“.

На местото на несреќата има полиција и Брза помош. Се чека пристигнување на истражен судија кој  треба да го потврди идентитетот на настраданиот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top