На есен во Бугарија ќе биде распоредена единица на американските маринци. Одлуката е донесена поради тензичната ситуација во Украина, изјави денеска замениккомандант на амкериканските маринци во Европа бригадниот генерал Норман Кулинг.
Тој истакна дека 155 американски маринци со четири тенкови, шест борбени транспортери и три хаубици ќе бидат стационирани на воениот полигонот Ново Село.
Американските маринци во Бугарија ќе бидат 18 месеци. Американските маринци ќе имаат воени вежби заедно со бугарски, романски и други сојузнички сили.
Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер претходно соопшти дека САД ќе распоредат тешко оружје во Естонија, во Летонија, во Литванија, во Полска, во Романија, во Бугарија и во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.