| четврток, 6 декември 2018 |

Русија во холандски учебник како чудовиште кое ја голта Украина

Првпат објавен во еден холандски весник во почетокот на 2014 година, цртежот сега се најде во седмата глава на работната тетратка на социјалните студии насловена: „Земја без демократија“, јави Раша тудеј.

Од ученикот се бара да опише што се случува во цртежот. Работната тетратка е учебник кој е наменет за деца од 15 и 16 години, кои се подготвуваат за понатамошно образование.

Учениците таму можат да научат кои земји се „добри“ и „лоши“, а на мапата со разни бои се претставени државите во склоп со степенот на слобода. Земјите како Русија и Кина означени се ако „неслободни“, додека членките на ЕУ, САД и уште некои земји се претставени како најлиберални.

– Уште од крајот на Втората светска војна, антируската пропаганда во Холандија многу е раширена. Со падот на „железната завеса“ малку спласна, но и понатаму е присутна, изјави Мајкл Филипсен, човекот кој ги постави цртежите на интернет.

Раша тудеј јави дека некои родители се пожалиле, загрижени заради материјалот кои нивните деца го учат.

– Да сум јас родител, критички би го проучил материјалот кој моите деца го учат. Училишниот систем не им овозможува на студентите да размислуваат критички, туку само ги „хранат“ со неутврдени информации, истакнува Филипсен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top