Улицата „Јордан Мијалков“, поранешна „Железничка“, од утре до понеделник ќе биде затворена за сообраќај поради финално асфалтирање на коловозот.
Прекинот е на делницата од улицата „Герман“ до улицата „Павел Шатев“, поранешна „Бихаќка“. Прекинот ќе биде од 8 часот утре до понеделник, во 7 часот и 30 минути.
За време на градежните активности сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Македонија“.
Град Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на физичкото регулирање на сообраќајот од униформирани полициски службеници или други овластени службени лица, како и на привремено поставениот режим за сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.