| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја: Станете против американските гангстерски империјалисти

Северна Кореја по повод 65 години од Корејската војна ја повика меѓународната заедница да стане против „американските гангстерски империјалисти“.

kim jong un

„Ја повикуваме меѓународната заедница да стане против САД и американските гангстерски империјалисти. Азија треба да стане и да ја пресече десната рака на САД, Африка би требало да се крене и да ја отсече левата рака. Блискиот Исток треба да ги пресече нозете, а Европа вратот. Тоа е единствен начин САД да се извини на војската и на народот на Северна Кореја“, се наведува во соопштението на севернокорејската Национална комисија за одбрана.

Пјонгпјанг тврди дека војната во Кореја ја почнал Вашингтон.

За време на одбележување на годишнината од Корејската војна, во Јужна Кореја премиерот на таа земја Хванг Кјо Ахн на државната церемонија повика на будност.

Вооружениот судир траел од 1950 до 1953 година на Корејскиот Полуостров во кој на страната на Југот учестувале САД и другите западни држави, а на страната на Северот учесвуваше Кина.

Демаркационата линија е направена со претходниот договор од 1945 година. Било планирано по завршување на окупацијата да се одржат избори и да се обединат двете Кореи.

Тие планови пропаднаа со избувнување на Студената војна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top