| четврток, 6 декември 2018 |

На Бред му пукна филмот, се разведува од Џоли

BRITAIN-US-CONFLICT-RAPE-SUMMITСамо една година по официјалното озаконување на нивната љубов, странските медиуми на големо пишуваат за крајот на бракот на најпопуларниот холивудски пар.

Според магазинот Холивуд Лајф, тензиите меѓу Бред Пит (51) и Анџелина Џоли (40) се сѐ поголеми. Иако до скоро делувале како сродни души, тоа веќе не било така.

Невољите во нивниот брак се појавиле набрзо откако почнало снимањето на филмот „By the Sea“. Родителите на шест деца наводно до крајот на годината ќе ја известат јавноста дека имаат намера да се разделат.

Brad-Pitt-Angelina-Jolie-Divorce-Announcement-June-2015-219x300

– Пит е тој што одлучи да стави крај на бракот. И рекол на Анџелина дека меѓу нив е готово. Се чувствува бедно и сака да заврши со тоа, тврди изворот на магазинот. Тој додава дека Бред воопшто не поднесувал што Џоли го контролира уште од првиот ден на нивната врска.

– Иако на почетокот сакаше кога таа преземаше иницијатива, сега сфати дека презела преголема моќ над него, открива изворот.

Но, како што пишуваат медиумите, без оглед на оваа вест, двојката ќе ги одработи сите закажани појавувања заедно.

Анџелина и Бред се венчаа лани во Франција. Заедно имаат три биолошки и три посвоени деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top