Белата куќа одби да коментира или да ја демантира веста според која САД ги шпионирале тројцата последни француски претседател меѓу 2006 и 2012 година, но притоа тврди дека актуелниот француски претседател Франсоа Оланд не е повеќе изложен на следење на неговите комуникации, како што изјави Нед Прајс портпарол на Националниот совет за безбеднсот на САД, без притоа да даде други информации за тоа што се правело во минатото.
– Ова е неприфатливо меѓу сојузници – изјави за И Теле Стефан ле Фол портпаролот на француската влада.
Според него, „ најверојатно ќе бидат побарани појаснувања од САД“ по денешниот кризен Совет за одбрана кој го свика претседателот Франсоа Оланд во Елисејската палата.
По дифузирањето на информациите во весникот „Либерасион“ и порталот „Медијапар“, кои се повикуваат на документи од Викиликс, Франсоа Оланд одлучи да го свика „Советот за одбара“ за да изврши проценка на природата на овие информации. Прислушувањето на Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд, како и на нивните блиски соработници и советници е главната вест во информациите објавени синоќа во француските медиуми, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Франсоа Оланд по „Советот за одбрана“ ќе има состанок и со делегација на парламентарци.
Поранешниот министер на Никола Саркози Франсоа Баруан, нема илузии и мисли дека и тој бил следен од американската НСА.
– Се сомневавме дека телефонската централа во Берси (министерството за финансии и економија) беше прислушувана, и кога имавме меѓународни состаноци постоеја сомневања – изјави тој за БФМ ТВ.
– Овие прислушувања се скандалозни и Франција треба да има силен одговор. Неприфатливо и опасно е да бидат шпијонираи шефовите на држави од своите пријатели – додава Баруан.
Поранешниот премиер на Франсоа Оланд, Жан Марк Ејро, преку Твитер побара дека „американците ќе треба да се објасната“ додавајќи дека нивната практика е „неприфатлива“.
– Според Едви Планел, уредникот и основач на информативниот портал на „Медијапар“, „ранцуката република е прислушувана од своите наводни сојузници, американската сила“.
Тој додава дека идните документи кои ќе бидат објавени ќе покажат уште повеќе дека прислушувањето – следењето на комуникациите „било систематско“, односно „дека целото француско општетсво било прислушувано.
Поранешниот министер за внатрешни работи Клод Геан на БФМ ТВ, оцени дека има „кршење на пактот на доверба“ меѓу САД и Франција.
Поранешниот министер за одбрана Жерар Лонге, оценува од своја страна дека овие прислушувања „се за жалење за една голема сила“. Според него потребно е да САД да прекинат со прислушувањето на сојузниците, додавјаќи дека бил предупреден дека е прислушуван додека бил министер за одбрана.
Уредникот на „Либерасион“ Лоран Жофран од своја страна тврди дека неговиот весник ќе донесе нови елементи за оваа американска практика.
Американскиот амбасадор во Париз, Жерар Арод, рече дека „политичките лидери знаат дека се прислушувани. Секој дипломат живее со убедување дека комуникациите се следени и не само од една земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Финансиски скандал ја тресе Елисејската палата: Генералниот секретар под истрага за корупција
-
Лабрадорот Немо го прекина состанокот: Кучето на Макрон уринираше крај каминот во Елисејската палата (Видео)
-
Најпознатиот светски хакер: Преку телефонот ве следат на два начини
-
ФБИ и НСА: Нема потврда за тврдењето на Трамп за прислушување