Македонски државјанин кој управувал камион со кумановски регистарски таблички, вчера прегазил жена во српскиот град Краљево, пренесува МИА.
Сообраќајната несреќа се случила напладне, на пешачки премин, на една од најфрефентните улици во центарот на градот, во моментот кога жената се враќала од продавница.
– Возачот Ќазим Е. (49), државјанин на Република Македонија, со камион марка “мерцедес“ смртно ја повредил Љиљана Павковиќ (62), која од здобиените повреди почината на самото место. Возачот излегол од кабината и побегнал. Полицијата сеуште трага по него, стои во полициското соопштение.
Очевидци изјавиле дека глетката била страшна и додале дека возачот излегол од кабината и се дал во бегсто додека возилото сеуште било во погон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.